Металурзи се тестираа на коронавирус – сите се негативни!

Ракометарите на Металург ги направија потребните тестови на коронавирус пред стартот на Струшкиот турнир.

Сите се негативни и ќе можат без проблем да ги одиграат натпреварите на отвореното игралиште покрај езерото.

Ривали на Металург во групата во Струга ќе бидат Еурофарм Пелистер, домаќинот и новиот суперлигаш Прилеп.

Металурзи ги очекуваат и двата натпревари против хрватската Спачва Винковци во првото квалификациско коло од Лигата на Европа.