Струга одново со големи амбиции: Со пет засилувања во новата сезона

Екипата на Струга влегува засилено во новата сезона, а за таа цел за клубот потпишаа пет ракометари од кои двајца се враќаат меѓу стружани.

Богдан Николиќ од Бутел Скопје и АлександарТренчевски од Финска одново ќе го облечат дресот на Струга така што ќе бидат добро засилување во бековската линија и на пивотменската позиција.

Покрај нив доаѓаат левиот бек од БиХ, Дино Мехиќ, кој има 204 сантиметри. Има и двајца нови играчи од Црна Гора. За Струга потпишаа голманот Харис Сулевиќ, кој е младински репрезентативец на својата земја. Воедно дојде и десниот бек Вук Лакичевиќ, кој еисто така од Црна Гора.

Со ова е формиран ростерот за новата сезона така што Струга одново ќе има конкурентен тим и нема да биде лесно против овој состав во новата сезона. Ова значи дека амбициите одново се зголемени и дека ќе има убав ракомет така што ќе биде доста интересно.

Стартот на подготовките во Струга е најавен за вторник кога се очекува да се почне со темпирање на формата. Брзо ќе дојде и турнирот на кој ќе играат само домашни екипи, а закажан е за од 12 до 16 август.