Страхиња Милиќ: Со Михајло беше љубов и другарство – со Сергеј, другарство и пари

Страхиња Милиќ во интервју за 24ракомет.мк открива како работите функционирале во соблекувалната и со Михајло Михајловски како претседател на Вардар, но и со Сергеј Самсоненко потоа.

Ако некој знае како Вардар функционирал одвнатре и со Михајло Михајловски како прв човек на клубот, но и со Сергеј Самсоненко потоа, тоа е српскиот интернационалец Страхиња Милиќ. По шест сезони, шампионска титула во Лигата на шампионите, СЕХА-трофеи итн… Џамбо ни откри како сето тоа функционира во соблекувалната.

„Кога дојдов во Вардар беа Михајло и Вујо и тоа беше добро клупче, кој можеше да обезбеди пласман во ЛШ, да игра во групната фаза и најмногу во осминафиналето. Но, кога дојде Сергеј дојдоа пари, засилувања… Кај Михајло беше љубов и другарство, кај Сергеј беше другарство и пари. Со неговото доаѓање проработи и професионализмот, влегоа големи пари, голем играчки ѕвезди… Не може да се спореди. Но Вардар е Вардар, тоа е разлика од само еден човек.“

Враќањето на клубот одново во рацете на Мијајло Михајловски нема да го наруши континуитетот кој Вардар го држи во последните години.

„Сега Михајло одново се врати во клубот. Тој многу го сака ракомет и многу го разбира и по повеќе од три децении во овој спорт, се гледа и по потезите кои ги направи. Според засилувањата Вардар нема воопшто наивна екипа и ако се склопат коцките и секако и тренерот да го одработи своето и да ги постави работите на свое место мислам дека Вардар минимум ќе го гледаме во четвртфинале од ЛШ. Со малку среќа и новиот играчки кадар, со трпение за младите играчи и без некои набрзина донесени одлуки, некоја моја претпоставка е минимум четвртфинале и ако се вратам и јас сигурно Ф4.“

Комплетното интервју со Страхиња Милиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.