Стојаноски меѓу најдобрите голмани во БиХ

Македонскиот интернационалец Александар Стојаноски, кој во оваа сезона настапува во тимот на Искра Бугојно е меѓу најдобрите голмани во шампионатот на БиХ.

Стојаноски на 12 одиграни натпревари во тамошниот шампионат забележа 162 одбрани. Според статистиката, искусниот голман во просек има по 13,5 интервенции на натпревар.

Македонецот уште на почетокот покажа дека ќе биде еден од клучните играчи во тимот од Бугојно.

Во претходното коло, против Херцеговина, Стојаноски со 15 интервенции му донесе триумф на неговиот тим.

Моментално, тимот на Стојаноски се наоѓа на 9. позиција на табелата со девет бода. Следен предизвик за Иксра Бугојно е гостувањето кај екипата на Коњух.