Стојаноски ја водеше Искра до нова победа

Македонскиот интернационалец Александар Стојаноски, кој во оваа сезона го има првиот интернационален предизвик, продолжува да брани во одлична форма во шампионатот на БиХ.

Македонецот со Искра Бугојно во натпревар од 10. коло од тамошниот шампионат славеа против незгодниот состав на Криваја со четири гола разлика, 32:28.

Македонецот повторно влезе во елемент и во дуелот против Криваја забележа 23 одбрани, со што беше меѓу најзаслужните за освоената победа, со која тимот на Искра Бугојно останува во игра за пласман меѓу петте најдобри екипи.

Моментално, тимот на Стојаноски се наоѓа на 9. позиција на табелата со девет бода, додека петтопласираната Криваја на свое конто има 13 бода.

Следен предизвик за Иксра Бугојно е гостувањето кај екипата на Коњух.