Стојановиќ повика нов играч – Кристијан Стаменковиќ во комбинација за турнирот во Германија

Десниот бек на Голден Арт 2, 17-годишниот Кристијан Стаменковиќ, е дополнително повикан во кадетската репрезентација на Македонија од страна на селекторот Раде Стојановиќ пред настапите на силниот „Шпаркасе Куп“ во Германија.

Стаменковиќ и во минатото беше на поширокиот список на селекторот, но не го поминуваше последниот филтер. Перспективниот ракометар во досегашниот тек од сезоната во натпреварите од Првата лига се покажа во одлично светло.

Селекцијата на Македонија на „Шпаркасе Куп“ ќе игра во групата Б заедно со репрезентациите на Австрија, Холандија и Германија, а двете први места водат во полуфиналето на турнирот. Во групата А ќе бидат Сарланд, Египет, Исланд и Швајцарија.

Турнирот ќе се игра од 27 до 29 декември. Првите два дена се дуелите од групната фаза, додека на последниот ден ќе се играат натпревари за пласман.

Овие натпревари ќе бидат добра подготовка за кадетска репрезентација на Македонија, која ќе игра на Светското првенство во 2023 година во Хрватска.

Стојановиќ објави список – 20 ракометари во конкуренција за настап на турнирот во Германија