Стојановиќ ги собра кадетите, в петок и сабота ќе се играат двата дуели со Црна Гора

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Раде Стојановиќ, вчера ја имаше прозивката во рамките на ЕХФ неделата.

Тој повика 22 ракометари за оваа акција, меѓу кои се сите што играа на ЕХФ шампионатот во Летонија, како и уште пет нови имиња.

Станува збор за Лео Дамчевски од Прилеп, Андреј Петрушевски од Бутел Скопје, како и тројката од Голден Арт – Никола Спасовски, Немања Џигероски и Андреј Глигоров.

Експедицијата заминува за Црна Гора во четврток, а пријателските натпревари ќе се играат в петок и сабота.

Овие средби се дел од подготовките на оваа репрезентација за настапот на Мундијалот следното лето во Хрватска.