„Столе е пример што значи да се носи дресот на Вардар“

Дел од играчите кои веќе долги години го носат „црвено-црниот“ дрес во последниве година – две знаат да кажат дека новите играчи треба да научат што значи да се носи дресот на Вардар.

Француските интернационалци Кевин и Оливие Њокас велат дека капитенот Стојанче Стоилов е најдобар пример за тоа.

„Тоа се чувствува во однесувањето и почитта со која тренираат. На пример Столе доаѓа прв на тренинг. Кога ќе го видиш тоа сè ти е јасно. Ние, од претходно, имаме навика порано да доаѓаме на тренинг, но Столе е секогаш тука пред нас, за да направи вежби, да се подготви за тренинг и со тоа го покажува нивото на почит кое го има кон тимот и кон клубот. Постарите играчи во Вардар даваат сè од себе на секој тренинг, на секој натпревар и во таков случај најмалку што можеш да направиш е да ги следиш или да бидеш подобар“, едногласни се близнаците Њокас.

Целосното интервју со близнаците Њокас прочитајте го подолу…

ИНТЕРВЈУ ОЛИВИЕ И КЕВИН ЊОКАС: Нашата игра е најдобар доказ колку сме среќни во Вардар