Стоилов: Ќе научиме многу од овој пораз!

Ракометарите на Вардар со пораз ја стартуваа новата сезона од регионалната СЕХА лига. Актуелниот шампион на Македонија на гостувањето во Словачка кај Татран Прешов беше поразен со четири гола разлика, 27:23. Вардар играше без Дејан Манасков, Борко Ристовски, Јан Чувара и Стефан Атанасовски, а дебитираа Михаил Аларов и Леонардо Дутра.

Капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов како клучен фактор за поразот во Прешов го истакна голманот Чуприна, но и лошата концентрација во играта.

,,Ние сѐ уште се наоѓаме во подготвителен период бидејќи голем дел од играчите имаа настап на Светското првенство. Нашиот тим е целосно поразличен, отколку што беше во првата половина од сезоната. Имавме само неколку тренинзи заедно откако се вратија од СП, не игравме добро денес, промашивме многу зицери и голманот на Татран, Чуприна беше одличен. Не сме во формата, во која што би сакале да бидеме во вториот дел од сезоната. Јас сум сигурен дека ние ќе научиме многу од овој пораз. Но факт е дека Татран сакаше да победи повеќе од нас и затоа заслужено победи. Клучниот фактор што загубивме во Прешов беше тоа што не бевме сконцентрирани во играта, како и одличната одбрана на Татран, која беше водена од одличниот Чуприна”, изјави Стоилов.

Следен предизвик за ,,црвено црните” ќе биде дуелот против Партизан во рамки од 2. коло од регионалното натпреварување. Вардар ќе го пречека Партизан на 1 февруари, додека на 10 февруари ќе го одигра реванш дуелот на домашен терен против тимот од Прешов.

Недановски: Ова е само почеток, ќе бидеме подобри!