Стоилов: Треба да покажеме карактер и да оствариме победа против Партизан!

Ракометарите на Вардар на 1 февруари на свој терен ќе го одиграат вториот натпревар од регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Владо Недановски за следен ривал ја имаат екипата на Партизан и во дуелот со вториот српски претставник ќе ја бркаат првата победа од новата сезона во регионалното натпреварување.

Вардар на првиот дуел беше поразен од Татран Прешов, па така дуелот со Партизан ќе биде шанса за поправен.

Капитенот Стојанче Стоилов е оптимист за дуелот со Партизан и се надева дека со неговите соиграчи ќе оставарат поволен резултат.

,,Се надевам дека гледачите, симпатизерите и навивачката група „Комити“ ќе дојдат во што поголем број. Нивната бројност ни олеснува во некои натпревари. Партизан е млада екипа, ние играме дома, фаворити сме, но тоа треба да го покажеме на теренот. Со Татран имавме конфузен натпревар, треба време да се вклопат коцките, имаме четири нови играчи, февруари е тежок месец за играње после првенство, добро знам и многу пати сум го преживеал тој згуснат февруари. Долго патување имавме од Прешов, нема многу време за подготовка, треба да покажеме карактер и да го завршиме натпреварот со Партизан во наша полза”, изјави Стоилов.

Дуелот меѓу Вардар и Партизан ќе се одигра во среда, со почеток од 18:00 часот во СЦ ,,Јане Сандански”.