Стоилов, РФМ, сениорите и сениорките – номинирани во изборот на АМС

Ракометарот на Вардар, Стојанче Стоилов, е номиниран за најдобар спортист во изборот на Агенцијата за млади и спорт, а во конкуренција се уште борачот Магомедгаџи Нуров, пливачот Евгениј Поп Ацев, каратистот Емил Павлов и кик боксерот Димитар Ѓорѓиев.

Сениорските ракометни репрезентации се номинирани во изборот за најдобари. Машката ги има за ривали одбојкарите и фудбалерите, додека дамите како конкурентки ги имаат само фудбалерките.

Ракометната федерација, пак, е номинирана за најдобра федерација во 2019 година, во конкуренција на федерациите на карате и боречки спортови, како и фудбалската и одбојкарската.

Изборот на спортист на годината ќе се одржи кон крајот на декември.