Стоилов не е веќе на терен, но навива од трибини за Македонија (ФОТО)

Машката сениорска репрезентација на Македонија моментално игра против Португалија во рамки од 3. коло од квалификациите за пласман на Европското првенство 2024.

Избраниците на Кире Лазаров на полувреме губат со три гола разлика, 14:11.

На трибините во СЦ „Борис Трајковски“ се наоѓа и екс репрезентативецот на Македонија, Стојанче Стоилов.

Искусниот кружен напаѓач е сместен во првите редови на трибините и во текот на целото прво полувреме беше голема поддршка за своите довчерашни колеги.