Стефан Трпчевски освои бронза во Финска со БК-46

Тимот на БК-46, кој лани беше шампион на Финска во прекинатиот шампионат, овојпат го освои само третото место.

Во полуфиналната плеј-оф серија до три победи, тимот каде што игра македонскиот десен бек Стефан Трпчевски, иако водеше со 2-0 против Дикен, сепак загуби три пати по ред и беше елиминиран.

Но во борбата за третото место, во серија против ГРИФК, која се играше на гол разлика во два меча, БК-46 беше поуспешен.

На првиот меч кај ГРИФК беше нерешено, 27-27, додека БК-46 во реваншот ја искористи предноста на домашен терен и славеше со 33-27 што беше доволно за бронза и трето место што носи пласман во ЕХФ Купот за тимот на Трпчевски.