Стефан Дрогришки не е веќе ерген – ја запроси девојката на 2.222 метри надморска височина! (ФОТО)

Ракометарот на Тиквеш, Стефан Дрогришки, покрај пласманот со кавадарчани во групите од Купот на Македонија, викендов имаше уште една причина за голема радост.

Неговата девојка Марта Јовановска му кажа ДА, на прашањето дали ќе му стане животна сопатничка.

Несекојдневното запросување на битолчанецот се случи околу Големото Пелистерско Езеро во националниот парк Пелистер на надморска височина од 2.222 метри.

Заедно со неколкумина пријатели, меѓу кои и меѓународниот судија Даниело Божиновски, Стефан и Марта ја прославија свршувачката најпрво на местото на настанот, а потоа забавата продолжи во еден од битолските ресторани.