Стефан Додиќ од Металург ќе игра за Србија против Французите

Младиот ракометар на Металург, Стефан Додиќ доби покана од селекторот на Србија, Тони Херона за дуелите против Франција и Грција кои ќе бидат одиграни во јануари во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Додиќ кој е еден од најперспективните млади играчи во моментов добива првпат шанса меѓу сениорите и е најде на списокот од 24 играчи за овие три натпревари така што ќе се обиде да обезбеди место во составот на Србите.

На списокот од 24 ракометари, го нема десниот бек на Вардар, Марко Вујин кој доби слободно поради семејни причини исто како и уште еден поранешен ракометар на Металург, Вања Илиќ. Покрај нив двајца од семејни причини во тимот нема да бидат ниту Немања Зеленовиќ и Немања Илиќ.

Додиќ досега играше само за пионерската и кадетската селекција на Србија, а сега добива покана и за сениорскиот тим со што станува јасно дека се смета сериозно на него во иднина.  Сепак, ќе треба да се помине уште еден филтер бидејќи списокот ќе претрпи уште едно кратење после Нова Година.

Натпреварите се играат на 5 јануари против Франција во Зрењанин и на 9 јануари во Кретеј. Третиот натпревар е на 13 јануари во Зрењанин против Грција.