Стерјев: Посакувам да ги оствариме целите – двојна круна во Македонија и Ф4 во СЕХА

Тимот на Еурофарм Пелистер вчера го имаше првиот тренинг со новите лица во стручниот штаб Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.

Претседателот на клубот, Зоран Стерјев, им се обрати на ракометарите и им посаа успех до крајот на сезоната, како и остварување на сите зацртани цели.

„Посакувам преостаниот дел од сезоната која е во тек да биде успешен и да ги достигнеме нашите цели со тоа што ќе ја освоиме титулата во првенството и во Купот на Македонија и да стигнеме до СЕХА Ф4 турнирот. Сакам да гледам како напредувате кон целта и затоа веќе имаме нов старт со професионален тим на тренери. Тука се Александар Јовиќ, Александар Зарков и Звонко Шундовски. Ви посакувам успех на сите и добро здравје за остатокот на сезоната и се надевам на крајот ќе прославуваме“, изјави Стерјев.

Првиот предизвик за Јовиќ и Шундовски ќе биде дуелот од регионалната СЕХА лига и мечот со Нексе Нашице на 14 март во Битола.