Стартува Првата лига, 17 тима во борба за две суперлигашки места

По многу проблеми со бројот на екипите, денеска ќе стартува и новата сезона во Првата лига. 17 екипи поделени во две групи, ќе се борат за двата суперлигашки билети за следната сезона.

Иако беше планирано да играат 20 екипи, сепак на крајот ќе играат 17, откако се откажаа екипите на Ангели Волково (Ѓорче Петров), Риниа и Работнички.

Во групата А ќе играат девет екипи, додека во група Б ќе се натпреваруваат осум екипи. Првите пет тима од двете групи ќе формираат плеј-оф група, додека другите ќе играат во плеј-аут.

Прва лига, 1 коло, распоред:

група А
12:00 Бисинов – Текстилец
14:00 Мулти Есенс – Шампион
17:30 Македонија ЃП – Овче Поле
19:00 Кичево – Јехона
Младост Богданци слоб.

група Б
12:00 Партизан Гевгелија – Металург РА
16:00 Астраион – Аеродром
17:00 Борец – Преспа
Драчево слоб.
Голден Арт 2 слоб.