Стартува дивизијата Југ од СЕХА лигата, македонски судии на првиот натпревар

Со натпреварот меѓу српскиот шампион Војводина и хрватскиот вицепрвак Нексе Нашице ќе биде отворена новата сезона во регионалната СЕХА лига, дивизија Југ.

По една сезона пауза во ова натпреварувње се враќаат и македонските судии и делегати.

Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе го судат мечот Војводина – Нексе што се игра од 18:00 часот во „Слана Бара“.

Покрај нив сезона во СЕХА ќе бидат активни уште три македонски двојки и четворица делегати.

Македонските претставници Вардар и Еурофарм Пелистер првите натпревари во новата сезона ќе ги играат на 28 јануари против Татран Прешов, односно на 30 јануари против Војводина.