Стартуваа подготовките и во Вецлар: Миркуловски држи ритам со помладите (ФОТО)

Еден од најголемите борци и дефинитивно секогаш најпожртвуваниот играч кои некогаш го носеле дресот на репрезентацијата на Македонија, Филип Миркуловски стартуваше со подготовки со колегите од Вецлар.

Ова е сезона во која тој ќе има двојна улога бидејќи ќе биде дел и од стручниот штаб каде ќе има улога на асистент, така што мора да биде и добро подготвен за предизвиците на теренот.

На првите тренинзи тој е веднаш до оние кои покажуваат најмногу сила и моќ така што дефинитивно покажува дека ќе биде одлично подготвен и за новите предизвици.