Стана хит на Инстаграм – го препознавате ли ракометарот што „позира“ во женски костим за капење? (ФОТО)

Данскиот ракометар Јеспер Нодесбо привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако објави фотографии во женски костим за капење.

Тој подоцна откри дека сакаше само да се пошегува, но доби и позитивни и негативни коментари од тамошната јавност.

„Се надевам дека и вие уживавте во одморот“, напиша Нодесбо.

Ласло Наѓ, Никола Карабатиќ, Едуардо Гурбиндо…му порачаа дека изгледа „секси“.

Нодесбо во моментов е дел од составот на Бјерингбро Силкеборг, а претходно цела деценија го носеше дресот на каталонскиот гигант Барселона.

Има настапувано и за Колдинг и Холстебро, а во дресот на данската репрезентација постигна 450 гола на 223 настапи.