Стана европска шампионка со Подравка, сега нејзината ќерка ќе игра за хрватскиот тим

Прославената репрезентативка на Романија, Маријана Тирка која со екипата на Подравка во 1996 година ја освои Лигата на шампионите во Копривница остави голема трага. Врските помеѓу неа и клубот сè уште не се прекинати.

Најновото засилување на Подравка за наредната сезона е 21-годишната Сорина Тирка, која е ќерка на Маријана.

Сорина настапува на левата бековска позиција и се смета за еден од најголемите таленти на романскиот женски ракомет. Таа пристигнува во Копривница од романската екипата Корона Брашов.

Тирка го привлече вниманието на најдобрите европски екипи, заинтересираност за неа покажале ЧСМ Букурешт и Будуќност. Освен Сорина во Подравка ќе дојде и нејзината мајка која ќе добие работа во клубот. Овие информации се неофицијални и од клубот не ги коментираа, но се очекува многу брзо да бидат потврдени.