Среќен роденден Мануел!

Еден ракометар кој денеска ќе се најде на теренот во СЦ „Јане Сандански“ ќе слави роденден, а дали ќе го направи тоа со победа или пораз ќе се види после стартот на средбата Вардар – Веспрем од 17 часот. Славеник е репрезентативецот на Хрватска, Мануел Штрлек, кој игра за Веспрем. Тој денеска полни 31 година.

Роденден има и Андреас Јенсен Холст. Данецот кој игра за екипата на Алборг полни 25 години.

Французинот Адриен Чадансон, кој ги брани боите на екипата на ПСЖ, пак, денеска го прославува 21. роденден.

Тука е и ракометарката на ФТЦ Раил Карго, Унгарката Клара Чисар Шекереш. Таа полни 32 години.

Среќен роденден Мануел, Андреас, Адриен и Клара!