Среќен роденден Александар!

Ракометарот на Еурофарм Работник од Украина, Александар Шевелев денеска прославува роденден. Украинецот, кој игра на пивотменската позиција ќе наполни 32 годиниа.

Голманот на ППД Загреб од Црна Гора, Радивоје Ристановиќ исто така слави роденден, а тој е уште поискусен од Шевелев. Денеска ќе го прослави својот 37 роденден.

Швајцарецот од Кадетен Шафхаузен, Бен Ромдане Меди денеска ќе стане полнолетен.

Ракометарката од Романија, која ги брани боите на Подравка, Андреа Марија Јанаси го прославува својот 27. роденден.

Среќен роденден Александар, Радивоје, Бен и Андреа!