„Среќа што Цвијиќ навреме нè раздели, инаку ќе имаше инцидент“

Помошниот тренер на ЧСМ Букурешт, Пер Јохансон во интервју за aftonbladet.se го коментираше инцидентот за време и после натпреварот против Валчеа со Флорентин Пера.

Тие двајцата го привлекоа вниманието на целата романска јавност, иако тоа требаше да биде насочено кон ракометарките на теренот. На крајот ЧСМ за гол беше подобар од Валчеа со 23-22.

„Сите што го гледаа натпреварот можеа да забележат дека судиите беа наклонети кон Валчеа таа вечер. Но и покрај тоа Пера беше многу агресивен кон судиите и делегатот. Ми дофрлаше и ме навреди, не сакам да влегувам во детали но тој одеше се подалеку. После мечот тргна да се пресмета и физички но на време интервенираа ракометарките и обезбедувањето. Во еден момент само Драгана Цвијиќ беше меѓу нас, но таа баш корпулентна и успеа да не задржи двајцата. Не жалам за инцидентот, морав да застанам во одбрана на тренерот Василе и екипата. Мислам дека ќе помине неказнето, во Романија тоа ретко се случува, да бевме во Шведска ќе добиеше суспенција од една година“, коментираше Пер Јохансон.

Јохансон имаше уште забелешки на однесувањето на Флорентин Пера, како што е обвинувањето дека разговарал седум минути со Марта Батиновиќ со што ја оневозможил ракометарката доволно да се загрее. Сепак коментарот на Јохансон беше дека само 45 секунди разговарал со Батиновиќ.