Србија без сила во Шведска, Холандија слави пласман на ЕП во Македонија

Холандија со голот на Луис Абинг оствари победа против Германија, со резултат 30:29, во натпревар од квалификациската група 2.

Репрезентацијата на Шведска не дозволи кикс на реванш натпреварот против Србија и победи со 33-25 во квалификациите за пласман на ЕП 2022, кое ќе се одржи во Македонија, Словенија и Црна Гора. Одлична партија во дресот на Шведска одигра Јасмина Робертс. Левиот бек на Савехов натпреварот го заврши како најефикасна со осум постигнати погодоци. Во составот на Урош Брегар прв стрелец беше Јелена Агбаба со четири погодоци.

И покрај поразот Србија останува во игра за пласман на ЕП 2022 бидејќи во квалификациската група 6, моментално се наоѓа на второто место со четири освоени бодови и има два бода повеќе од третопласираната Турција, која исто така се бори за пласман на континенталниот собир.

Холандија со голот на Луис Абинг оствари победа против Германија, со резултат 30:29, во натпревар од квалификациската група 2. Ракометарките на Холандија со освоената победа против Германија обезбедија пласман на Европското првенство.

Данска пред своите навивачи беше убедлива против Романија, триумфираше со 32:27. На првиот натпревар меѓу двете репрезентации од квалификациската група 2, кој беше одигран на 2 март, резултатот беше 35:28 во корист за избраничките на Јеспер Јенсен. Романките доколку сакаат да обезбедат виза за Европското првенство ќе треба на следните два натпревари, против Фарски острови и Австрија, да дојдат до триумф.

Победа во денешните квалификациски натпревари од квалификациската група 2 оствари Австрија. Ракометарките на Австрија на свој терен беа подобри од Фарски острови со 26:22. Унгарија успеа да ја изненади Шпанија, запиша важна победа од 30:27 во квалификациската група 5, со што го презеде лидерското место во својата група.