СП младинки: Црна Гора приреди сензација, Норвешка триумфално во скандинавскиот двобој

Денеска стартуваше главната фаза на Светското првенство за ракометарки до 20 години во Словенија.

Вкупно беа одиграни четири натпревари од главната фаза, а првото изненадување на младинскиот Мундијал го направи репрезентацијата на Црна Гора, откако славеше против Франција, со резултат 24:25 (11:12).

Избраничките на Игор Марковиќ покажаа дека имаат квалитет за висок пласман и со првите освоени бодови од главната фаза остануваат во борба за место во осминафиналето.

Црна Гора за пласман во осминафиналето ќе треба да триумфира против Норвешка, која денес беше подобра од Данска со три голи разлика, 32:35 (16:18).

Во натпреварите од првата група, Холандија и Шведска ја оправдаа фаворитската улога против Тунис, односно Јапонија.

Холанѓанките без проблеми го совладаа Тунис, триумфираа со 16 гола разлика, 41:25 (20:11), додека Шведска оствари поубедлива победа против Тунис, 40:21 (22:11).

Освен натпреварите од главната фаза, беа одиграни и неколку натпревари од Президент Купот.