Спортскиот канал на МТВ стартува денеска – со големата победа на Вардар над Барселона! (ФОТО)

Спортскиот канал на Македонската радио телевизија, МРТ 3, кој покрај спорт ќе има филмска и забавна содржина, денеска и официјално започнува со емитување програма.

Стартот ќе биде одбележан со големата победа на Вардар над Барселона во полуфиналето од Лигата на шампионите во 2017 година.

Во текот на викендот ќе може да се гледа репризно и финалето против францускиот ти ПСЖ, а во претстојниот период и други натпревари на македонските претставници во ЛШ и во СЕХА лигата.

Спортската редакција на МРТ најави репризирање и  на сите 64 средби од последниот фудбалски Мундијал во Русија пред две години, како и најинтересните настани од Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.