Спортинг сака да му биде конкурент на Порто, веќе има две засилувања

Екипата на Спортинг го загуби чекорот со тимот на Порто и затоа сега се труди да дојде до што е можно посилен состав за следната сезона.

Во тимот доаѓаат двајца нови ракометари кои се сигурно договрени за следната сезона. Од редовите на Адемар Леон пристигнува Шпанецот Натан Суарез. Станува збор за 23 годишен ракометар кој настапува на позицијата централен бек. Има 184 сантиметри, а досега во оваа сезона има 44 асистенции и 70 погодоци со кои е меѓу најкорисните во Адемар Леон во Асобал лигата.

Вториот играч кој исто така потпиша за составот на Спортинг е пивотот од Данска, Јонас Тидеманд. Ракометарот кој е висок 199 сантиметри и тежок 108 килограми има 26 години. Воедно тој во последните две години го носеше дресот на тимот на Скјерн и сега планира интернационална кариера.

Со оглед на тоа од клубот си заминуваа Нуно Роке и Тијаго Роча тие треба да бидат нивна замена, но јасно е дека ќе има уште засилувања бидејќи ќе биде потребно да се има уште поквалитетен ростер за да се влезе во трка со составот на Порто.