Спомените на Черноиваненко од Вардар – изгубен паричник и пасош на колешката, изгризан пасош од кучето…

Руското десно Олга Черноиваненко Фомина најдобрите две години од кариерата ги помина во Македонија, во „црвено-црниот“ дрес на Вардар.

Откако замина од Скопје, се врати во татковината и го носеше дресот на Ростов Дон, а сега е членка на Лада Тољати.

Во интервју за реномираниот руски портал „Брз Центар“, Фомина откри интересни детали од престојот во Скопје и Вардар.

„Бевме на подготовки во францускиот Орлеан, а јас сакав да се возам на рингишпил. Со себе носев само портмоне во која имаше пари, кредитни картички и пасошот на голманката Драгана Петковска,која ме замоли да и го причувам. Цело време го држев, но по половина час сфатив дека паричникот го загубив. Бевме заедно со Алена Ихнева, се вративме назад, но не успеавме да го најдеме. Таква ладна пот ме нема облиено дотогаш, најмногу поради пасошот на Петковска. Кренав паника, ги информирав во клубот, а тие ме смируваа дека од амбасада Петковска ќе добие нов пасош…Подоцна, некој го нашол портмонето и го донел на рецепција во хотелот. Ги немаше парите и картичките, но беше пасошот…“, вели Фомина.

Руското десно крило во татковината си однесе уште еден спомен од Скопје, а тоа е кучето Каспер, со кој исто така има епизода „Пасош“.

„Се шетав на кејот на реката Вардар и таму го најдов кучето, кое имаше сини очи и веднаш го земав, а веќе пет години го чувам во Русија. Каспер е мелез од хаска и германски овчар. Еден ден заминав на тренинг и го оставив мојот пасош на масата. Кога се вратив, го најдов пасошот на земја, а Каспер го изгризал на мали парченца. Тоа беше среде сезона во Лигата на шампионите. Одново стрес, вртење телефони, но пропуштив само едно гостување, а вработените во руската амбасада во Скопје за брзо време ми издадоа нов пасош“, заврши Фомина.