Со компас и мапа тргнаа во потрага по титулата во новата сезона (ФОТО)

Интернационалката од Македонија во шампионатот на Русија, Сара Ристовска заедно со колешките има интересен старт на подготовките за новата сезона.

Таа заедно со другите ракометарки од тимот на ЦСКА Москва се наоѓа на кампување каде што имаат можност да го креваат тимскиот дух. Се работи на планот на подобрување на атмосферата што ќе има големо значење кога ќе стартуваат натпреварите.

Сите ракометарки на ЦСКА Москва можат да уживаат во авантурите, а како се одвуваат работите може да се види од фотографиите на социјалните мрежи.

Според она што може да се види девојките одлично се снаоѓаат со користење на компас и мапа така што успеваат да се снајдат во простор кој не им е познат. Ова е добро бидејќи вака може да ја трасираат успешно новата сезона.