Со една влезница на два натпревари

Поради тоа што в недела е изборен ден и се гласа нема да се играат натпревари на домашна сцена и сите средби се закажани за утре, па веќе е јасно како ќе се одвиват работите во текот на утрешниот ден.

Според распоредот за одигрување на натпреварите двете екипи на Еурофарм Пелистер утре ќе играат на домашен терен, а средбите се закажани за во 15 и 18:30 часот.

Со цел гледачите да добијат можност за уживање во текот на целиот ден раководството одлучи со една влезница да се следат два дуели.

Прво од 15 часот ќе може да се следи натпреварот Еурофарм Пелистер – Скопје 2020, а потоа од 18:30 часот и натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш.

Цената на влезницата за овие две средби е 100 денари.