Со Вардар ја освои првата титула во СЕХА, а сега на 37 години се врати во тактовината

Поранешниот репрезентативец на Чешка, Јан Собол се враќа во својата татковина и во новата сезона ќе игра во домашниот шампионат. Иако пред завршувањето на оваа сезона најави дека ќе стави крај на кариерата, сепак во последен момент се одлучи да ја промени одлуката.

Искусниот ракометар и официјално беше претставен како ново засилување во екипата на Бањик Каравина за новата сезона. Собол паралелно ќе работи и како тренер на младинските селекции во клубот. Тој потекнува од школата на Бањик Каравина каде помина три сезони, од 2004 до 2007 година.

Собол во својата кариера го носеше дресот и на македонскиот шампион, Вардар во сезоната 2011/2012 и беше дел од екипата што ја освои првата титула во регионалната СЕХА лига. Освен за Вардар имаше настапи и за Татран Прешов, Азоти Пулави, Монпелје, а последните четири сезони ги помина во францускиот Дижон.

За репрезентацијата на Чешка настапи на 138 официјални натпревари и успеа во сениорскиот дрес да постигне 363 гола.