Соработката меѓу Русија и Белорусија – сакаат да формираат заедничко првенство

Во Москва се одржа состанок на кој челниците на Руската и Белоруската ракометна федерација на кој се разговараше за заедничка работа и интеракција на ниво на репрезентации, клубови, како и младински спортови, а најважната точка била создавање на заедничко првенство во машка конкуренција.

Причината за состанокот на оваа тема се санкциите кои ги добија двете земји поради ситуацијата во Украина.

Големи планови за заеднички настани на репрезентациите веќе се планираат кон крајот на април кога во Москва може да се одржи мини турнир во женска конкуренција со учество на репрезентациите на Русија, Белорусија и Кина, како и рускиот младински тим. Се подготвуваат и предлози за турнири во машка конкуренција на најразлични возрасти.

Кон средината на мај во Белорусија ќе се одржи детски турнир со учество на руски тимови. Се разговарало и за детскиот и младински ракомет. Белоруската страна изразила желба да учествува на детскиот фестивал во Толјати.

Покрај тоа двете федерации разговарале и за соработка со размена на искуство, заеднички тренинг кампови, тренерски собири…и сл.