Сменет квалификацискиот систем за ЕП – сениорките ќе одиграат четири меча за пет дена!

Глобалното ширење на коронавирусот низ светот, донесе големи промени на термините за клупските и репрезентативните натпреварувања под капата на ЕХФ.

Женската сениорска репрезентација на Македонија ја чекаа два дуели од квалификациите за место на ЕП 2020 против Португалија на 26и 29 март, но тие средби ќе се играат во јуни.

И не само тие, туку и оние од 5 и 6 коло. Сите четири натпревари ќе бидат одиграни во период од пет дена, со еден ден пауза (среда до недела) на едно место, кое ќе биде дополнително одредено.

Терминот на одигрување на натпреварите е од 3 до 7 јуни.

Ривали на избраничките на Симе Симовски ќе бидат Португалија (два пати), како и Шведска и Чешка.