Словенија со нова победа, на вистински пат за нов пласман на ЕП

Репрезентациите на Словенија и Полска oдиграа натпревар во рамки на групата 5 од квалификациите за настап на Европското првенство 2022, а триумф забележаа ракометарите на Словенија со резултат 32:29.

Средбата почна израмнето со голови на двете страни. Полска во првите пет минути имаше водство од 4:2 преку расположениот Сичко. Неконтролираната игра на домаќините продолжи и во останатиот дел и најчесто преку индивидуални акции постигнуваа гол. Клемен Ферлин со неколку интервенции ги врати неговите соиграчи во игра, но секој обид за преземање на водството беше неуспешно.

Полјаците имаа неколку моменти на промашување, период кога Словенија прв пат го презеде водството од 7:6 во првата половина од првиот дел. Серијата на голови продолжи и на двете страни до крајот на првото полувреме кое заврши со еден разлика за домашните ракометари, 15:14.

Во второто полувреме со голот на Маргуч, Словенија, го имаше највисокото водство од два разлика, 16:14. Избраниците на Љубомир Врањеш со неколку технички грешки дозволија целосно враќање на противникот и повторно неизвесност на теренот во Целје.

Иако репрезентативците на Полска се одржуваа во игра, Словенија, преку ракометарите кои играат на крилните позиции зголемија на четири разлика во текот на 45. минута и до крајот рутински го одржуваа стекнатото водство. Полска последните 15. минути ги одигра без Чрапковски кој заработи црвен картон поради грубиот старт на Блаж Јанц, а неколку минути подоцна и Блаж Благотиншек се пресели на трибините поради трите исклучувања за време на натпреварот.

Најефикасен во дресот на Словенија беше Гаспер Маргуч со осум голови. Во репрезентацијата на Полска, Симон Сичко, исто така со осум гола беше најпрецизен, а имаше и реализација од 100%. Ракометарот на Вардар, Патрик Валчак заврши без голови.