Словенија во проблеми, Зорман мораше да повика тројца нови ракометари

Селекторот на машката репрезентација на Словенија, Урош Зорман пред неколку дена го објави списокот на играчи за подготвителниот период пред квалификациските натпревари за пласман на Европското првенство 2024 година.

Зорман одлучи да го прошири списокот пред двата квалификациски натпревари и да повика дополнително уште тројца играчи. На местото на повредените Гашпер Маргуч, Борут Мачковшек и Тадеј Мазеј, словенечкиот стратег реши да ги повика Домен Новак, Алекс Кавчич и Дарко Цингесар.

Зорман и неговите избраници на 9 октомври ќе го имаат првиот собир, додека на 13 и 16 октомври ќе ги одиграат првите квалификациски натпревари против БиХ, односно Косово. Ракометарите на Словенија и на двете средби важат за големи фаворити.

Веднаш по првиот собир, Зорман ќе треба да одлучи со кој состав ќе настапи на натпреварите против БиХ и Косово, но за очекување е да смета на поголемиот дел од искусните ракометари како Деан Бомбач, Гашпер Маргуч, Клемен Ферлин, Блаж Јанц…

Голмани: Јоже Базник, Клемен Ферлин, Урх Кастелиц

Десни бекови: Нејц Цехте, Јуле Доленец, Матиц Грошељ

Десни крила: Блаж Јанц, Домен Новак

Леви бекови: Ник Хенигман

Леви крила: Дарко Цингесар, Тилен Кодрин

Средни бекови: Деан Бомбач, Алекс Кавчич, Домен Макуц, Јака Малус, Рок Овничек, Алекс Влах.

Пикери: Блаж Благотиншек, Матеј Габер, Кристијан Хоржен, Стефан Жабиќ