Славко Голужа останува на кормилото на Загреб

Раководството на хрватскиот шампион Загреб и искусниот стратег Славко Голужа се договорија на продолжување на соработката и за новата натпреварувачка сезона 2023/24.

Голужа минатата година направи камбек во редовите на Загреб, откако претходно на два пати седеше на жешката клупа.

Амбициите на Загреб за следната сезона покрај одбраната на дуплата круна во домашниот шампионат се и пласман меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на шампионите.

Загреб во европската елита за ривали во рамки од групата А ги има Еурофарм Пелистер, Кил, ПСЖ, Алборг, Колстад, ПИК Сегед и Келце.

Голужа ќе има нов асистент на клупата и неговиот довчерашен помошник Славен Радиќ ќе биде заменет со Андрија Николиќ.