Скубе на позајмица во Монпелје, си оди Симоне?

Весникот „Midi Libre“ утрово објави дека ракометарот на Монпелје Диего Симоне би можел да го напушти клубот уште ова лето

Симоне има договор со Монеплје до 2024 година, меѓутоа може да си замине пред истекот на истиот. Наводно, Аргентинецот испратил барање до својот клуб за да му биде дозволен трансфер. Заминувањето на играч каков што е Симоне сигурно може да предизвика бурни реакции, дресот на Монпелје Симоне го носи од 2013 година.

Аргентинецот важи за вистинска клупска икона и очекувањата на навивачите се таму и да ја заврши кариерата, но како што стојат работите тоа нема да се случи.

Според истиот медиум, Монпелје ја разгледувал можноста поранешниот вардарец Сташ Скубе да го замени Симоне. Бидејќи Скубе потпиша со Келце за од наредната сезона, јасно е дека Словенцот во Монпелје би можел да пристигне само на позајмица oд следната сезона.