СКА Минск e прв финалист, ќе се бори за СЕХА трофеј

Од денеска до четврток во Санкт Петербург ќе се игра завршниот турнир во дивизијата „Исток“ од регионалната СЕХА лига, а веќе е познат и првиот финалист.

Тоа е белорускиот вицепрвак СКА Минск, кој славеше над рускиот вицешампион Чеховски Медведи со 34-32.

Иако на полувреме „мечките“ од Чехов водеа со еден погодок, 17-16, сепак не издржаа во второто полувреме.

Најдобри стрелци во СКА Минск беа Хмелков со десет гола и Игор Белјавски со осум погодоци, додека кај Чеховски Медведи се истакна Александар Котов со осум гола.

Во второто полуфинале ќе се соочат Мешков Брест и Пермски Медведи.