СКА Минск се засили со белоруски репрезентативец од Мотор

25-годишнот играч на Мотор Запорожје, Вјачеслав Бохан, остатокот од сезоната ќе го помине во СКА Минск.

Ракометарот на Мотор кој е и репрезентативец на Белорусија до крајот на сезоната ќе настапува за СКА Минск како позајмен играч, потврдија од белорускиот клуб.

За Бохан ова е враќање во СКА каде што претходно помина пет сезони и постигна 393 гола на 187 натпревари.

Во редовите на Мотор пристигна летото 2020 година. Во ростерот на СКА Белорусинот ќе биде веќе на 23. март кога ги очекува следниот натпревар во домашното првенство.