Скандал пред ЕХФ шампионатот: Само што дојдоа во Скопје, тренерите се враќаат дома

Репрезентацијата на Украина до 19 години ќе учествува на шампионатот кој денеска почнува во Скопје, а по пристигнувањето Украинците се соочија со проблеми.

Според информациите од украинскиот тим тренерите Ростислав Ланевич и Еуген Будко веднаш ќе се вратат во Украина. Неофицијално причина за напуштањето на тренерите на репрезентацијата е конфликт.

Предводник на селекцијата на Украина на шампионатот ќе биде Вјачеслав Лохман кој исто така многу добро го познава составот кој е на шампионатот. Инцидентот се случил во Скопје, а деталите се очекуваат во наредните денови.

Украина во прелиминарната рунда ќе се натпреварува во групата Б, а противници ќе им бидат селекциите на Швајцарија, Босна и Херцеговина и Грузија. Во првото коло денеска селекцијата на Украина се среќава со БиХ со почеток во 18 часот.