Скандал во Франција: Динар негира дека дал интервју и говорел за отказот во националниот тим

Поранешниот селектор на Франција, Дидие Динар и понатаму е во центарот на вниманието поради изјавите кои ги имаше дадено за неговиот отказ.

Тој коментирал дека за отказот дознал од неговиот асистент.

„Ден по заминувањето од Европското првенство ми рекоа дека ќе останам селектор и понатаму. Сепак, набрзо од мојот асистент дознав дека повеќе не сум главен тренер. По сите овие години, кои ги минав во репрезентацијата имав чувдство дека ме фрлаат како искористена салфетка“, стои во цитираната изјава од Динар.

Сепак, еден ден после оваа изјава, Динар на Твитер објасни дека немало никакво интервју за ТВ каналот кој го објави и дека сите новинари биле одбиени за коментар. Воедно и дека ваквото однесување е непочитување кон него особено во овој тежок период.

Меѓутоа целата ситуација нема да застане овде бидејќи еден од коавторите на информацијата во која се објавува изјавата на Динар му одговори на екс селекторот на Твитер со порака дека има запис од нивниот разговор.