СКАНДАЛ во Украина – Репрезентативци приведени како криминалци за отслужување на воен рок!

Во главниот град на Украина, Киев во текот на вчерашниот ден се случувала вистинска драма. Ракометарите на екипата ЦСКА Киев, Дмитриј Коваленко и Руслан Дјакону рано утрото биле приведени и однесени во центар за регрутација за отслужување воен рок, пишува „Брз Центар“.

Двајцата рекометари од неодамна се членови на ЦСКА откако во претходниот клуб Одеса им истекле договорите. Директорот на ЦСКА, Александар Дудко е сигурен дека зад ова стои градоначалникот на Одеса, Сергеј Гринвецки кој ова го прави за одмазда.

Сите обиди за разговор и решавање на проблемот на Дудко биле залудни, властите дури не ни сакале да разговараат со него. И покрај тоа што ги чекал своите ракометари пред регрутниот центар не успеал да ги извлече, а ситуацијата стигнала до таму да му повикаат и полиција.

Во украинските медиуми Дудко побара одложување на воениот рок на ракометарите кои ја бранат честа на земјата на спортските терени. Дмитри Коваленко и Руслан Дјакону се на списокот за настап на Европското првенство во 2022 година со репрезентацијата на Украина.