СКАНДАЛОЗНО: Романки исфрлени од репрезентацијата поради допинг – суспензија до четири години!

Кристина Ласло и Бјанка Базалиу се обвинети дека ја користеле недозволената интравенозна ласерска терапија и нема да патуваат на Светското првенство во Јапонија. Двете ракометарки се исфрлени од репрезентацијата, а ова го потврди и претседателот на националната ракометна федерација на Романија, Александар Деду.

Освен Ласло и Базалиу за уште две ракометарки има сомневање дека користеле, но сепак тие ќе одат на првенството. Се работи за ракометарките на Корона Брашов, Дијана Букур и Елиза Бучечи, но тие ќе бидат дел од репрезентацијата.

Овој скандал во екипата од Романија имаше и влијание на репрезентацијата на Црна Гора. Селекторот одлучи да ја изостави Ивона Павичевиќ, која игра за Корона Брашов, иако нема потврда дека и таа ја користела спорната терапија.

Од сите ракометарки Националната агенција за антидоппинг зема примероци за испитување и се сомнева за допинг во Ласло и Базалиу, како и 21-годишната голманка Хосу која не е на списокот за Светското првенство. Доколку се потврди вината казната за ракометарките може да биде и до четири години суспензија.