Скандалите во Романија продолжуваат – Динамо Букурешт ќе игра во унгарското првенство?!

Скандалот во Романија со ограничувањето на странските ракометари во екипите, продолжува и понатаму. Шампионот Динамо Букурешт беше најпогоден од одлуката на федерацијата, бидејќи во тимот има дури осум играчи што немаат ЕУ пасош.

Раководството на овој тим најавува дека нема да се пријави за настап во романскиот шампионат следната сезона, туку ќе игра во унгарскиот.

„Ако таа одлука не може да се промени, ние нема да играме во романскиот шампионат, а ќе ја разгледаме можноста да настапите во некоја од нашите соседни земји, најверојатно во Унгарија“, изјави менаџерот на Динамо, Семен Овидиу, за романските медиуми.

Динамо Букурешт обезбеди место во осминафиналето на Лигата на шампионите, а таму ќе се соочи со францускиот ПСЖ.