Симоне активен надвор од ракомет – создава друштвени игри

Средниот бек на Монпелје и репрезентацијата на Аргентина, Диего Симоне во 2018 година доби идеја да креира друштвена игра со историска тема. Сега после три години неговата игра „1812“ излее во продажба.

Друштвената игра е наменета за 2 до 7 играчи и е посветена на создавањето на знамето на Аргентина. Оваа игра е моментално најпродавана во земјата од кој потекнува Симоне.

„Играта е одлична да се забавувате со друштвото, секој го остава мобилниот на страна и се гледа во очи со играчите. Без разлика дали во репрезентацијата или во Монпелје секогаш има време после вечерата да играме. Младите зборуваат на различни теми и совршено е за зближување на екипта. Се сеќавам една ноќ не можев да спијам, станав и ги напишав правилата на мојата игра. Во 2019 година платив илустратор за да создаде уникатен дизајн, скапо беше но сакав да имам уникатен дијзан како книга и да игледа убаво. Веќе создавам втора друштвена игра, ќе биде слична на оваа, а мотив ќе биде создавањето на Ајфеловата кула во 1884 година. Ќе биде можност да се пронајдат изгубените историски локалитети во Париз и кулинарските задоволства“, рече Симоне за handnews.fr.

Друштвената игра на Диего Симоне може да се купи на онлајн продавницата Амазон по цена од 33 евра или околу 2.000 денари.