Симовски одбра за Литванија, има две промени во ростерот (ФОТО)

Женската репрезентација на Македонија денеска ја очекува вториот натпревар од квалификациите за баражот за Светското првенство во Шпанија.

Избраничките на Симе Симовски ќе се соочат со селекцијата на Литванија, која направи изненадување со минималниот триумф над нашиот јужен сосед.

Симовски направи две промени во ростерот за дуелот со Литванија. На местото на Марија Тасевска и Милица Николиќ, во составот ќе бидат левите бекови Андреа Седлоска и Ангела Јанкуловска.

Натпреварот меѓу Македонија и Литванија се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:00 часот.