Симовски објави поширок список – 35 ракометарки во конкуренција за квалификациите за СП (ФОТО)

Селекторот на женската сениорска репрезентација, Симе Симовски го објави поширокиот список на 35 ракометарки за претстојниот квалификациски турнир за бараж за Светско првенство.

Женската репрезентација на Македонија ќе игра во група 2 против репрезентациите на Исланд, Литванија и Грција.

Откако Грција се откажа од организација, РФМ ја доби можноста да биде оранизатор на турнирот, од кои првите две пласирани селекции ќе обезбедат место во баражот за СП во Шпанија кон крајот на декември.

Турнирот ќе се одигра од 19 до 21 март во СЦ „Борис Трајковски“.