Симовски: Во финишот и младите ракометарки почувствуваа како е да се игра на жешкиот терен

Македонија ја победи Литванија со 31-21 и обезбеди место во баражот за Светското првенство во Шпанија кон крајот на годинава.

Селекторот Симе Симовски вели дека очекувањата со пласманот во баражот се исполнети.

„Одиме на три победи, претпазливо, како што рековме и минатиот пат, и да ги одговориме на барањата. Досегашните очекувања се исполнети, не чека уште меч со Грција, каде што ќе треба да ја бараме третата победа. Вечерва имавме континуирана игра за разлика од вчера. Во одбрана имаше ситуации што не беа одработени како што треба, меѓутоа нападот беше помирен, имавме контрола на натпреварот и на резулатот, па имавме шанса и некои помлади ракометарки да почувствуваат како е да се игра за сениорската репрезентација и да видат како е на жежок терен“, вели Симовски за 24 Ракомет.

Македонија ја чека уште еден натпревар од квалификацискиот турнир против Грција, утре во 17:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.