Симовски: Вакви натпревари се тешки за играње, но победата е слатка

Ракометарките на Ѓорче Петров триумфираа во големото дерби на гостувањето кај Вардар со 25-22.

Тренерот на гостинската екипа Симе Симовски, вели дека промената на тактиката во вториот дел беше клучна за триумфот.

„Вакви натпревари се тешки за играње, затоа што играчите генерациски се на исто ниво, лигата знаеме каква ни е. Во вториот дел променивме две тактички варијанти, бидејќи во првото полувреме не ни успеа тоа што го имавме замислено да го играме. Во второто полувреме беше сосема друга слика. Моите ракометарки реализираа во напад, во одбрана бевме исто така солидни. Тактички го добивме мечот“, вели Симовски.

И покрај триумфот над големиот ривал вели дека Ѓорче Петров не е фаворит за титулата.

„Победата над поранешниот клуб е слатка, но нема да кажеме дека Ѓорче Петров е прв фаворит за титулата. Ние одиме на секој натпревар да си ја подобриме играта, па ќе видиме што ќе биде“, заврши Симовски.

Ѓорче Петров влегува во игра за тутулата – направи „брејк“ против Вардар